Руските војници во Украина се дезориентирани, оценил американски претставник за британски „Индепендент“. Според него, тие се гладни и при крај со залихи, а некои руски војници се и збунети бидејќи не знаат што всушност прават во Украина.
Овој висок официјален претставник на САД изјавил дека руските војници биле слушнати како се жалат дека украинскиот отпор е многу поцврст отколку што очекувале. На еден радио повик слушнале како војник вели: „Не знаеме во кого да пукаме – сите личат на нас“.
Руските напори за преземање на главниот град Киев беа успешно одбиени во последните две ноќи од украинските вооружени сили. Илјадници граѓани, исто така, фатија оружје и беа охрабрени да прават домашни молотови коктели.
Има извештаи за повеќе од 1.000 убиени руски војници, а уште неколку стотици заробени.