Јане Ченто, кој заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието, вечерва на социјалните мрежи објави фотографија од својата ќелија во која бил 24 месеци.
– Еве ја мојата ќелија…..24 месеци….нека знаат сите, вели Ченто во описот на фотографијата.
Во јуни 2023 година, Ченто за првпат доби слободен викенд по шест години поминати зад решетки. Неодамна нему му беше определен краток прекин на казната во времетраење од еден месец.
– Осудениот Јане Ченто беше пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 15.07.2024 г. до 14.08.2024 г. и истиот сам се јавил во КПД-Штип на 14.08.2024 г. на доиздржување на казната затвор, соопштија надлежните.