Неколку земјотреси ја погодија Босна и Херцеговина, од кој најсилниот си магнитуда од околу 5,7 степени синоќа во 23:07 часот, а епицентарот беше меѓу Столац и Лубиње.

– Непосредно пред да почне да се тресе тлото, голем број луѓе добиле известување на мобилните уреди за земјотресот дури и една минута пред да се случи, пишува босански „Аваз“.

За што се работи?

Имено, станува збор за систем „ShakeAlert“ кој веќе некое време се користи во САД, а Android почна да испраќа предупредувања за земјотрес во Европа.

Системот „ShakeAlert“ го развија американски сеизмолози, а во Калифорнија каде што е развиен овој систем се инсталирани голем број сеизмометри кои го олеснуваат откривањето на земјотресите.

Така, насекаде во светот, мобилните телефони со Android можат да служат како сеизмометри. Сите „паметни телефони“ доаѓаат со мал акцелерометар кој може да ги почувствува сигналите што укажуваат дека може да се случи земјотрес.

Ако акцелерометрите на илјадници Android во некоја област снимаат тресење, алгоритмот ги обработува податоците во стотици и испраќа предупредување. Ако телефонот детектира нешто што мисли дека може да е земјотрес, тој испраќа сигнал до серверот за откривање земјотрес, заедно со „грубата“ локација каде што се случил земјотресот.

Доколку серверите детектираат многу такви сигнали од релативно мал простор, тогаш се претпоставува дека се случил посилен земјотрес.

Патем, сигналот патува многу побрзо од земјотресот, поради што многумина во БиХ кои користат Андроид уреди биле известени за земјотресот пред да се случи.