Литар дизел во Русија во моментов се продава за 59,99 рубљи, што е 26.5 македонски денари. 27 денари е моменталната цена на 98 октанскиот бензин, а 95 октанскиот чини 23 македонски денари.
Од ноември до денеска, цената на горивата во Русија забележала раст во просек кој е помал од 5 рубљи или околу 2 македонски денари.
Косово има најевтини, Грција најскапи горива: Како се движат цените во регионот?
Косово е држава во која горивото е најевтино во овој момент. Бензинот се точи за само 64 денари, а дизелот за 61 денар. Грција од друга страна, е лидер во регионот и таму горивата се најскапи. Бензин се точи за 122, а дизел за 109 денари.
Цените на горивата растат секаде. А од Македонија поскапи горива имаат Грција, Хрватска и Словенија, сите членки на Европската унија.