Бразилската моделка и инфлуенсерка Јасмин Кавалиеро де Македо (21) исчезна по патување со брод на 12-ти декември оваа година, а нејзиното безживотно тело набрзо беше пронајдено во реката Магуари.

Потрагата по манекенката траеше еден ден, а и покрај надежите на семејството и пријателите, таа беше пронајдена мртва…. Непосредно пред патувањето, Јасмин и испратила на мајка си селфи од патувањето. Таа беше доста активна на социјалните мрежи.

Последниот телефонски разговор со мајка си го имала ноќта пред да исчезне. Во потрагата била вклучена и нејзината мајка.

– Точната причина за смртта ќе биде утврдена со обдукција, извести полицијата, а пренесува The Sun.

Тамошните власти посочуваат дека истрагата за смртта на манекенката е во тек, но не соопштуваат повеќе детали. Тие не открија колку луѓе имало на патувањето, ниту дали сите носеле елеци за спасување. Јасмин објавуваше приказни од патувањето, а само неколку часа пред да исчезне покажа колку ужива во бикини на бродот.

Точните околности на смртта полицијата треба да ги соопшти деновиве. Јасмин имаше над 30.000 следбеници на Инстаграм.

📷

📷

📷

📷