Познатиот турски актер Илкер Курт почина на 49-годишна возраст, објави турскиот весник Сабах, без да ја прецизира причината за неговата смрт.

Курт има учествувано во голем број познати филмови, меѓу кои и кај нас познатата серија „Опасни улици“ и турската адаптација на „Очајни домаќинки“.

Кванч Терзиоглу, директор на Фондацијата Филм-Сан, невладина организација посветена на зачувување на киното и неговата историја, ја објави смртта на актерот на социјалните мрежи.

Илкер Курт е роден во 1973 година во Истанбул. Покрај сериите, глумеше и во играни филмови, меѓу кои „Освојување 1453“, „Збогум“ и други.