Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја сподели жалната вест за прераната смрт на Боби Кипријановски.

-Со длабоко жалење во душата, ја примив веста за прераната смрт на Боби Кипријановски. Боби беше голем другар, полн со живот и љубов кон Македонија и ВМРО! Месниот комитет Кирил Петрушевски и Општинскиот комитет Гази Баба загубија голем активист а Општина Гази Баба вреден работник! Изразувам искрено сочувство до неговото семејство. Бог да го прости!