Познатиот сплитски стоматолог д-р Анте Ќуриќ загина во тешка сообраќајна несреќа во неделата наутро на кривината за Подгора. Се судриле лично возило и мотоцикл управуван од Ќуриќ, пишува Слободна Далмација.

Инаку, д-р Анте Ќуриќ е роден во 1961 година во Подхум кај Ливно, каде што завршил основно училиште. Во Загреб дипломирал гимназија и Стоматолошки факултет каде специјализирал дентална и орална патологија со пародонтологија.

Тој беше директор на Стоматолошката поликлиника во Сплит до 2022 година и беше познат како еден од најдобрите експерти во својата област.