Парагвајската пливачка Луана Алонсо (20), која излезе во преден план како една од најубавите спортистки на Летните олимписки игри, го шокираше светот на спортот со одлуката да ја заврши својата кариера по неуспехот во квалификациите.
Алонсо во саботата пливаше во квалификациите на 100 метри делфин и не успеа да се квалификува за полуфиналето. По ова, одлучи да ја заврши пливачката кариера.
Парагвајката во квалификациите исплива време од 1:03:09 минути и не беше ни блиску до најбрзите 16 пливачки кои влегоа во полуфиналето.
„Сега е официјално. Се повлекувам од пливањето, ви благодарам на сите за поддршката. Прости ми, Парагвај. Морам да ти се заблагодарам“, напиша таа на Инстаграм.
Луана Алонсо е рекордерка на Парагвај, вклучувајќи ги сите рекорди во дисциплината делфин и рекордот на 50 метри грбно.