Во цело Скопје попладнево околу 17.20 часот снема струја. По 20 минути, струјата се вклучи пак, но снема по 5 минути. За исклучувањето на струја денеска немаше никакви најави.

Од компанијата ЕВН велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа или рестрикции бидејќи е голем дефект.

Нема дотур на струја и до нивната мрежа. Засега немаат информации за што станува збор и рекоа ќе информираат во текот на денот.

Неофицијално, станува збор за експлозија на трафостаница на МЕПСО, објави СДК.мк.