Според неофицијални информации Аца Мартиновиќ (жител на Цетиње) денеска во кафеана ги убил својата сестра, зет и нивните две деца.
„Немам зборови… Не ни се опоравивме од првото крвопролевање што го направи тој монструм Вук Бориловиќ кога уби 12 луѓе, меѓу кои и две мали деца, а сега го доживеавме ова. Цетиње ни е црно…“, велат за српски „Курир“ жителите на овој црногорски град и додаваат:
„Никој не знае што се случило. Демек си го убил семејството, утрото да не му осамне. Најдобро е да се убие некаде“.
Потсетуваме, вечерва Ацо Мартиновиќ направи крвава гозба во кафана во Цетиње, кога застрела четири лица, а потоа побегна. Како што напиша српски „Курир“, тој потоа пукал во две малолетни деца и една жена.
Како што соопшти премиерот Милојко Спајиќ, четворица се во болница на операција. Војската на Црна Гора е во готовност, додека за трагичната смрт е прогласена тридневна жалост.
Полицијата активно трага по напаѓачот, кој е вооружен и опасен, а граѓаните се апелираат да не излегуваат од своите домови.