Синоќа околу 23 часот дошло до голема експлозија во зграда во Книн во која едно лице загина, а четворица се ранети, пишува Индекс.хр.

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила пријава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на засега неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и итно пренесени во болницата.

На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.

Работниците на Итната медицинска помош ги пренеле повредените во болницата во Книн. Се уште не е позната тежината на повредите.

Полициски службеници го обезбедуваат местото на настанот, а со увид ќе се утврдуваат околностите за експлозијата.

Како што неофицијално дознава книнскиот портал Ферал њуз, во моментот на експлозијата во подрумот на зградата се одвивал собир на малолетници, но засега нема потврда дека експлозијата се случила таму.

По веста за несреќата, пред болницата се собраа голем број родители, членови на семејствата на младите, загрижени за сосројбата на присутните при инцидентот.