Во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево, како што веќе објавивме на патот Кичево-Стража, едно лице загина, неофицијално дознава 4NEWS.mk

Страшни се првичните снимки до кои дојдовме. Автомобилот се гледа како е паднат во река откако претходно изгубил контрола и излетал од патот.

Според првичните непотврдени информации едно лице загина, а друго итно е префрлено на скопските клиники. Во моментов нејасно е кои се причините за несреќата. На лице место се екипи на пожарна, брза помош и полиција.

Во излекувањето на автомобилот учествува и механизација од село Колари.