Милена М.(31) Крагуевац загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Унгарија, недалеку од граничниот премин Хоргош, кога автомобилот во кој се наоѓала удрил во камион, јавуваат српските медиуми.

Несреќата се случила кога автомобил со регистерски таблички од Лозница влетал под камион со таблички од Чачак. Во автомобилот имало пет лица кои од Германија се враќале во Србија.

– Милена седела на совозачкото седиште, а автомобилот од таа страна влетал под камионот, а таа останала мртва на лице место. Нејзиното тело останало заглавено во уништениот автомобил додека не дошле пожарникарите да го извадат, изјавил извор за српските медиуми.

Милена со години работела во Германија за да обезбеди подобар живот за себе и за своето семејство. Настрадала враќајќи се да ги посети блиските за празниците.

– Неопислива трагедија, сите сме во шок откако слушнавме за несреќата. Не можевме да поверуваме дека настрадала пред очите на колегите со кои работела, навел изворот.

Четири лица кои биле во автомобилот се повредени, а возачот на автомобилот кој бил од околината на Лозница по укажаната помош е приведен.