Музичарот Петар Георгиевски-Камиказа предмалку на социјалните мрежи сподели тажна вест која ги шокира неговите следбеници.

Основачот на групата „Меморија“ напиша емотивни зборови со кои многумина расплака.

„Животот е како песочена тврдина, изградена на плажа. Кога ќе дојде бранот, тврдината во песок се престорува. Ете, тоа е животот. Денеска ненадејно и прерано згасна животот на Матеј Јовчевски кој несебично се вгради во нашата компанија. Татко му Марјан е од самите почетоци на нашата компанија кога Матеј беше штотуку роден. Почивај во мир малечок и сигурен сум дека горе ќе бидеш меѓу ангелите. Нека ти е светол патот до вечноста“, напиша Георгиевски.