Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро.

Се работи за хлоландски државјанин кој со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош, кои чекаат да му укажат прва помош на повредениот и да го пренесат во болница.

Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија, информира ЦУК.

Од таму дополнуваат дека повредениот е надвор од животна опасност, итната медицинска помош го презела и го пренесла во болница на хируршкото одделение.