Несреќата се случила синоќа околу 22.20 часот во Шибеник на улицата Иван Мештровиќ.
Шибеничани денеска се збогуваат со 34-годишниот Нардо Прелевиќ, фитнес инструктор, бодибилдер и кајакар, како и татко на три деца, кој синоќа според потресните објави на социјалните мрежи загинал во тешка сообраќајна несреќа.
Прелевиќ, особено во Шибеник, беше познат по бројни спортски успеси. Бил член на Спортско рекреативното друштво „Почувствувај ја моќта“.
Пред година и пол учествуваше на фитнес шампионатот на Светската атлетска федерација во Словенија, каде го освои 3-то место во светот во категоријата Men physique, а пред неколку месеци учествуваше и на светското првенство во бодибилдинг и фитнес во Лас Вегас.
Учествуваше и на меѓународен натпревар во спортови одржан во Добој, Босна и Херцеговина, кој се одржа пред еден месец.
Несреќата се случила синоќа околу 22:20 часот во Шибеник на улицата Иван Мештровиќ. Како што информираа од полицијата, до несреќата дошло поради несоодветна брзина на рамен дел од коловозот.
Возачот изгубил контрола над возилото и излетал на подигнатиот бетонски тротоар. Тој се вратил на патот и возилото се превртело.
– Од силината на ударот и повредите 34-годишниот маж починал на местото на настанот, соопшти полицијата.