Во Грција е уапсен 30-годишен маж кој во понеделникот попладне ја уби Дора во местото Агринио. Насилникот бил поранешен партнер на 43-годишната жена.

Претходно полицијата го пронашла во куќата каде што се заклучил со пиштол и се обидувала да го убеди да се предаде.

Убиството на 43-годишната жена се случило во понеделникот попладне во Агринио. Напаѓачот ја застрелал во стомакот и иако жената брзо била пренесена во болница, таа починала.

Нешто пред 22.00 часот ноќта бил пронајден и автомобилот на нејзиниот поранешен партнер.

Несреќната жена била разведена и мајка на три деца, додека сторителот во септември бил пријавен кај властите за семејно насилство и требало да му се суди. Тогаш бил уапсен на границите на

Истовремено, против него се изречени рестриктивни мерки да не се приближува до 43-годишната жена што ја убил синоќа.

Драмата која започна во понеделникот попладне заврши денеска рано попладне со приведување на насилникот. Според тамошните медиуми, 30-годишникот бил пронајден во нива со трска во атарот на езерото Трихонида и се предал по преговори со полицијата. Таму била и неговата сестра која долго време се обидувала да го убеди да не се повреди.