Засега непознати напаѓачи извеле неуспешен атентат врз премиерот на Хаити, Ариел Анри, во текот на прославата на 218-годишнината од независноста на земјата во северниот град Гонаивс, пренесува локалната телевизија „teleSUR“.

Откако премиерот Анри го напуштил храмот во кој се служела миса по повод празникот, во близината на црквата се слушнале неколку истрели. Обезбедувањето брзо го евакуирало премиерот на безбедно место и тој не бил повреден. Во прилогот се додава дека во престрелката која следела најмалку едно лице е убиено, а неколку се ранети.

По инцидентот, властите откажале бројни други настани низ земјата планирани за прославата на Денот на независноста на Хаити од Франција на 1-ви јануари 1804 година.