41-годишен жител на Гостивар ќе одговара за обид за убиство, откако пред четири дена на улица пукал кон негов сограѓанин, но не го погодил, соопшти полицијата.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.11.2024 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот пукал кон Љ.А., но не го погодил“, велат од МВР.
Судија на претходна постапка на пријавениот му одредил притвор во траење од 30 дена.