Македонскиот бизнисмен Трифун Костовски објави на Фејсбук дека е горд што донирал 200 илјади долари за изградба на вториот по големина православен храм во Русија.

„Горд сум што донирав средства во износ од 200 илјади долари за изградба на Спасо-Преображенски собор на Руската православна црква во местото Губкин, кој по големина е втор по храмот на Христос Спасителот во Руската Федерација. На молба од црковниот одбор и од тогашниот генерален директор на Лебедински ГОК, Анатолиј Калашников, со задоволство зедов учество во изградбата на овој прекрасен храм.

Моето име е запишано во националната библиотека на храмот како најголем странски донатор“, објави на Фејсбук некогашниот пратеник и градоначалник на Скопје заедно со видеото на линкот: