Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера и официјално стана претседателка на партијата Нова Алтернатива, додека на промоцијата во првиот ред седеше еден од првите луѓе на СДСМ, Миле Зечевиќ. Арсовска застана на чело на партијата која на минатите избори настапи во коалиција со СДСМ.

Арсовска, за која во јавноста е добро познато дека е во кавга со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја направи градоначалничка, сега е уверена дека може да понуди нешто ново на политичката сцена, иако е сосема јасно дека нејзината предизборна активност е чиста нарачка од владејачките партии во обид да му одземе некој глас на ВМРО-ДПМНЕ, кој убедливо води на анкетите.

Сепак, јавноста не е убедена во она што Аровска ја убедува. Имено, Арсовска на социјалната мрежа Фејсбук има над 94.000 следбеници, но повеќе од 24 часа по објавувањето, нејзиниот пост на Фејсбук има само 372 позитивни реакции со кои ѝ се изразува поддршка за овој нејзин чекор. Тоа се само неверојатни ниски 0,3 отсто од оние кои впрочем ја „лајкнале“ или заследиле нејзината страница, односно се нејзини фанови.