Откако Весна Ривас на својот Инстаграм ја објави веста дека поранешната водителка на „Парови“, Слаѓана Петрушиќ починала и со заеднички спомени се простила од неа, за „Блиц“ проговори и Миломир Мариќ кој тврди дека се’ е измислено.
Дека Миломир Мариќ не е единствениот кој се сомнева во вистинитоста на оваа информација која многу брзо се рашири на социјалните мрежи, говорат и коментарите кои се наоѓаат под објавата дека водителката наводно починала.
– Со тага ве известуваме дека нашата Слаѓа синоќа не остави и отиде во подобар свет. Таа ќе биде кремирана, а пепелта ќе се расфрла во шумата затоа што шумата била нејзиниот живот и ќе живее вечно. Семејство Петрушиќ! Ги замолуваме новинарите да не ни се јавуваат бидејќи никогаш не сме биле дел од јавниот живот, а тоа бешежелба на Слаѓа, па да ја почитуваме. Ви благодариме на разбирањето!- стоеше на нејзиниот Инстаграм профил, а потоа следеа реакциите.
Некои корисници на социјалните мрежи се сомневаат дека станува збор за лажна вест или можеби некаков предизвик.
„Па, не се зафркавајте, ова е повторно една од шегите на Тик Ток“, „Не верувам во тоа што пишува“, „Ако се шегуваш со ова, тогаш на секое достоинство и авторитет му дојде крајот“ , „Сега навистина претерувате“…
Инаку, „Блиц“ стапи во контакт со Миломир Мариќ кој во врска со наводната смрт на поранешната водителка на реалното шоу „Парови“ изјави:
„Сето ова сигурно е измислено. Одамна се немам слушнато со неа, но луѓето ја видоа кога напиша дека е во болница, но не беше. Таа тогаш измисли сè”.