Навечер рестораните и кафулињата, дење најпосетени се плажите. Ваква гужва низ Охрид немало одамна. На плажите се бара лежалка и место повеќе. Гости има од сите краеви на земјава, но изненадуваат и туристи од прекуокеанските земји.

Сопствениците на хотелите кои располагаат со плажи за гостите се задоволни од посетеноста, но велат би било добро сезоната со вакво темпо би се задржала и до септември.

Сепак големата фреквеницја на гости по плажите носи и работа за дежурните служби на Црвениот крст. Само во последните два дена регистрирани се четири посериозни интервенции и 18 на прва помош. Најповеќе се колапси од топлото време и пад од педалинка. За среќа досега нема фатални последици. Од Црвениот крст апелираат на совесно однесување на капалиштата.

На терен се и голем број на полициски службеници. Досега се евидентирани неколку прекршоци, конзумација на наркотични средства кај млади лица и престој на малолетници на јавни настани по 24 часот.

На плажа се оди со патлиџани и печени кокошки за да се остане подолго

Плажите во Охрид втор ден по ред се исполнети до последно место. Со пешкири, подвижни фрижидери, куп јадење и пиење, маси и столици, домашните и странски туристи го поминуваат денот на крајбрежјето од Охридското Езеро. Нема место ниту на плажите на кои годинава и минатата се уриваа дивоизградените обејкти и шанкови, иако очекувањата беа дека тие ќе останат празни.

За да поминат што подолго време на плажа, има и посетители кои на плажа освен пијачки и грицки, носат патлиџани, пиперки, садови за салата. Имаше и такви кои понеле и печена кокошка.

Улиците на центарот на Охрид се испразнија, но затоа, гужва има од населбата свети Стефан па до Заливот на коските. Се вози бавно, а на моменти сообраќајот е и целосно блокиран поради метежот.

Која плажа во Охрид ќе го собере овој народ?

Колона возила од речиси Билјанини извори до близу Лагадин (од каде почнува снимката) се забележани во Охрид.

На видеото објавено на Фејсбук се гледаат огромен број возила кои се упатени на охридските плажи.

-Која плажа ќе го собере овој народ?, е коментарот на видеото.