Двајцата пилоти на ловецот се живи – проектилот е лансиран „по грешка“, соопштија американските воени власти.

Командата на американската војска за Блискиот Исток и Африка (ЦЕНТКОМ) соопшти дека борбен авион Ф/А-18 на американската морнарица бил соборен во неделата над Црвеното Море во „очигледен случај на пријателски оган“.

Ловецот бил соборен со проектил случајно испукан од крстосувачот УСС Гетисбург.

Двајцата пилоти во авионот се катапултираа и беа безбедно извлечени, еден со полесни повреди.

Борбениот авион бил придружуван од носачот на авиони USS Harry S. Truman.

Со месеци американските вооружени сили редовно ги напаѓаат позициите на бунтовниците Хути во Јемен. Сепак, CENTCOM, како што пренесува Associated Press, не прецизирала која била мисијата на ловецот во моментот на инцидентот.