Најмалку седум члена на едно семејство во семејната куќа во Минесота најдени се мртви, а веројатно починале во сон.
Како што јавува „Дејли меил“, татко, мајка, три деца, вујна и внука, најдени се мртви во куќата, а властите се сомневаат дека починале од труење со гас.
Властите за сега не ги потврдуваат тврдењата на медиумите, но велат дека смртта настапила без траги на насилство.
Локалните медиуми наведуваат дека нема закани по заедницата, а полицијата не бара осомничени.