Светозар П. (50) од село во општина Коцељева во западна Србија нападнал полициска патрола која дошла откако пријавил дека неговата сопруга починала.
„Вдовецот“ ги нападнал со крст што го купил за погребот на неговата сопруга, кога му рекле дека таа е само во несвест и е жива, пишува Ало.
Светозар живеел во вонбрачна заедница со Л.П. (64) во неговата куќа. Вчера наутро, тој ја известил нивната ќерка дека нејзината мајка починала, а таа за тоа ја известила полицијата. Полицијата веднаш по пријавата излегла на лице место со докторка од Здравствениот дом, која требало да ја констатира смртта. Кога пристигнала полицијата, куќата на Светозар била полна со роднини, соседи и пријатели кои дошле да искажат сочувство.
– Ковчег и крст веќе беа донесени до куќата, се беше подготвено за погребот. Еден од полицајците се доближи до Светозар за да разговара со него, а докторката влезе во просторијата во која лежела „починатата“ за да ја констатира смртта. Меѓутоа, таа набргу се појавила на вратата и рекла дека жената е жива, вели изворот.
После тоа, полицаецот влегол во собата и се уверил дека Л.П. дише и дека таа е само во бесознание. Иако ситуацијата била доста бизарна, тој среќно ја напуштил собата и му кажал на Светозар дека неговата сопруга е жива и дека е повикана брза помош за да ја однесе до здравствениот дом.
Сепак, шоковите не завршиле тука!
– Несудениот вдовец неочекувано збесна! Наместо да му олесни што неговата сопруга е жива, Светозар потоа го фати дрвениот крст што го купи за погребот на неговата сопруга и се обиде да го удри полицаецот со него. Потоа се доближи до полициското возило и со тој крст го скрши стаклото. Во овој напад е повреден еден полицаец, објаснува соговорникот.
Како што се дознава, полицијата го совладала Светозар, по што, по наредба на обвинителството, тој бил пренесен во психијатриска болница, каде што бил задржан под опсервација.