Далила Тутиќ (20) загина во саботата околу 18 часот кога беше прегазена од автомобил пред нејзината куќа во Нови Пазар. Невидената трагедија се случила на улицата Својбор, а несреќната девојка беше погребана вчера.

– Оваа трагична несреќа се случила пред нејзината куќа, кога Далила била прегазена од автомобил сопственост на нејзините родители. Наводно, член на нејзиното семејство го паркирал автомобилот на нагорнина и без да го прицврсти со рачната сопирачка излегол од возилото. Несреќната девојка настрадала обидувајќи се да го запре возило кое наеднаш почнало да се движи надолу, објавија локалните медиуми.

По оваа вест, новопазарци останаа шокирани што згасна еден млад живот, па оставија тажни и шокантни пораки на социјалната мрежа Фејсбук. На Фејсбук профилот „Лица кои се преселиле на Ахирет“ е објавена посмртницата на несреќната девојка.

– Сочувство до семејството, Господ да ја прими во рајскиот дел – ова е само една од илјадниците пораки под фотографијата на несреќното девојче што оваа група ја објави на Фејсбук, а потоа следеа коментари за поддршка на семејството.