Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер додека се туширал. Неофицијално се работи за 14 годишно момче.
“Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови”, информираат од СВР Тетово.
Од МВР известуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.