Хелена Топаловиќ, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ- Топалко, се породи пред еден месец и на свет донесе девојче на кое му го даде името Доминика.

Хелена денеска реши да посети еден ресторан во главниот град, а освен што сосема евидентно ја врати линијата на стариот начин, многумина забележаа дека нејзиното деколте никогаш не било побујно.

„Wow, колку ти се големи градитe“, „Дали вгради силикони?“, „Не можеше да вгради силикони бидејќи неодамна се породи, можно е само да пораснале после бременоста“, „Така е кај сите нови мајки“, „Како и да е, девојката изгледа прекрасно“, „Убава Хелена“, се вели во дел од коментарите.