Македонската јавност се сеќава на случајот со малата Билјана Србиновска, чие тело исто така беше пронајдено во село Бразда, пред околу 33 години. До денес, не е пронајден нејзиниот убиец, иако во времето кога се случи настанот, беше активна масовна истрага за настанот кој предизвика огромна вознемиреност и страв кај населението.
Исчезнувањето на деветгодишната Билјана Србиновска се случи на 24-ти декември 1989 година. Таа во попладневните часови излегла од играорното друштво „Танец“ и по булеварот Илинденска тргнала кон дома, кај Технолошкиот факултет во Скопје, но никогаш не се вратила во својот дом.
Случајот со Билјана беше голема мистерија и причина за страв помеѓу граѓаните.
По повеќе од еден месец, односно на 27-ми јануари 1990 година во атарот на скопското село Бразда беше пронајдено нејзиното безживотно тело.
Според тогашните информации, момче и девојка случајно го забележале телото на убиеното девојче во бунар во селото Бразда и ја известиле полицијата. Беше соопштено дека станува збор за Билјана, која била сексуално малтретирана и убиена, но никогаш не се откри кој беше монструмот кој стоеше зад делото.
Една година пред исчезнувањето на Билјана, среде бел ден од Скопје, во близина на Олимпискиот базен исчезна и петгодишниот Амет Алкан. Неговата судбина до денешен ден не се знае.
Инаку, Бразда, каде беа пронајдени телата на двете убиени девојчиња, во двата посебни случаи, е село во Општина Чучер-Сандево. Според пописот од 2021 година, во Бразда живееле 647 жители. Познато е по археолошкиот парк Бразда.
Ѓурчевски: Полицијата повторно да го отвори случајот!
Она што тој го посочи е сличноста со случајот на киднапирањето на малата Билјана Србиновска во 1989 година, која била киднапирана на сличен начин како и Вања, или од влезот на зградата во Карпош 2 од воената кула, каде што живеела, или во непосредна близина, чие тело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда, само на различна страна.
Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, и со оглед на тоа што случајот е сличен како овој со грабнувањето и убивањето на Вања, и да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените со киднапирањето на деветгодишната Билјана, бидејќи тој случај и ден денес е нерешен.