Поминаа четири дена од масакрот што го изврши Нермин Сулејмановиќ во Градачац. Тој ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, турските државјани татко и син Џенгиз и Денис Ондер, а ги рани сопругата на Џенгиз Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и братучедот на Низама, Недим Памуковиќ. Тој го снимаше монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм.

После тоа, како што е веќе познато, со автомобил се упатил до фарма во градот Леденица Доња, каде опкружен од полициски сили се самоубил. Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ. Како што дознава „Аваз“, никој не сака да го преземе неговото тело, па ни татко му.

Неговите „познаници“ за новинарите на „Аваз“ кои се во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол:

„Тоа го*но не ме интересира“.