На 17. меѓународен карневал што се одржа во Лесковац се појавија бројни културно-уметнички друштва од Србија и странство, а вистински скандал настана кога на градскиот плоштад се појави девојка облечена само во црвена долна облека и ја изведе својата „точка“.

Лесковац беше домаќин на речиси 30 групи од Србија и странство. На сцената во центарот на градот, карневалисти од соседните земји – Бугарија, Македонија, Црна Гора, Република Српска, но и од далечната Индонезија – ги покажаа своите точки.

Публиката уживаше во следењето на настапите на многу културно-уметнички друштва и танцови групи, но ќе остане запаметено кога на сцената се појави девојка во долна облека. Кога почнала да танцува, луѓето биле воодушевени бидејќи нејзиниот танц всушност бил класичен стриптиз настап, а најлошо од се било што во публиката имало претежно деца.

Лесковачкиот карневал најмногу собира семејства и деца, па родителите се прашуваа од каде е оваа танчерка како дел од програмата. Многу луѓе напишаа дека ваквото играње не е соодветно за овој карневал, а проблематично е што на видеото се гледа дека има многу деца во публиката.