Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Никола Станишиќ зборуваше за соработката со Цеца Ражнатовиќ, која му беше ментор за време на натпреварувањето, но и за неговите следни планови и први чекори во кариерата.

– Сè уште не можам да сфатам што ми се случи, пресреќен сум. Очекував, но не бев сигурен до самиот крај. Ми се случи трагедија, сакав да се откажам, но Цеца беше покрај мене и ме убеди да продолжам со натпреварувањето. Цеца го откажа годишниот одмор за да биде со нас вчера и ѝ сум благодарен за тоа – рече Никола во емисијата „Премиер викенд специјал“.

– Не знам што ме снајде, животот ми се преврте во секунда. Се надевав на прво место, но подоцна ништо не знаев, знам дека целиот Балкан беше со мене и цела Македонија. Постојано ме бараат, мислам дека ми подготвуваат дочек – рече Никола и додаде:

– Татко ми е од Косово, а мајка ми е од Македонија. Наскоро ќе бидам и во Србија, ќе бидам насекаде. Само нека биде она нашето, Балканското.

Проговори и за Саша Поповиќ.

– Првото финале без Сале, беше празно, но го почувствувавме тој дух што беше со нас. Сузана вели дека е премногу горда, разговаравме, но заборавив што ми кажа. Синоќа разговарав со Цеца, имаме некои датуми за нејзините концерти, сега ми е чест што ми ги покажа датумите на концертите каде што можам да бидам гостин. Наскоро доаѓам за Македонија – рече Никола.