Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk.

Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции, оствари уште една стратешка инвестиција во е-трговијата, преку аквизиција на онлајн платформата Grouper, со седиште во Скопје, објави Банкарство.мк

Grouper.mk, водечка платформа за е-трговија даде голем придонес кон трансформацијата на е-трговијата во земјата, овозможувајќи им на 3.500 трговци да влезат во светот на е-трговијата и да започнат со онлајн продажба, истовремено поттикнувајќи 270.000 корисници да го прифатат онлајн купувањето.

-Payten се стекна со сопственост на 100% од акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија.

Со Grouper во нашите редови, ја збогатуваме нашата понудата за сите трговци и ги унапредуваме Payten решенијата за е-трговија. Уверена сум дека заедно со младиот и динамичен тим на Grouper, кој поседува одлични познавања во областите на е-трговијата и маркетингот, а сега со поддршка од неколку меѓународни експерти од Payten, ќе создадеме уште поиновативни решенија за е-трговија, изјави Катарина Арнолд Ракита, раководител на тимот за развој на е-трговија во Payten.