– Не се селат само лекарите, се селат сите. И тоа е еден страшен тренд опасен за државата којшто ја убива нашата држава, комплетно. И ако тоа се надополни на демографските трендови негативни, којшто ги имаме веќе подолго време практично ние ја губиме државата и тоа е една страшна ситуација во сите сфери, вели поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

– Значи лекарите не си одат заради тоа што се случува тука, си одат заради подобри примања надвор, а тие подобри примања тука не може да ги добијаат иако тука имаат зголемени плати и пак бегаат, не е до тоа што е тука иако земаат по 2.000 евра плата, но во Германија ќе земат 6.000 до 10.000 евра плата.

– Околу егзодусот на лекарите, имаме уште поголем проблем. Знаете зошто?! Кај се селат лекарите?! Идат во Германија?! Зошто?! Не може да образуваат доволно лекари?! Не! И од Германија се селат лекарите. Има една тенденција на миграција која се случува. Нашите лекари идат во Словенија, Австрија или во Германија, лекарите во Словенија идат исто така во Германија а тие од Германија идат во Швајцарија а тие од Швајцарија па идат во Америка.

Ниту една од овие земји не може да плати плата на лекар колку што може да им плати друга држава. Германија не може да им плати на лекарите толку колку што ги плаќа лекарите Швајцарија а имаат многу лесно говорно подрачје каде немаат потреба од изучување на јазик и немаат никаква јазична бариера и лекарот се сели во Швајцарија за неколку пати повисока плата. Трошоците се повисоки но повисоката плата ги покрива трошоците.

Иако е Словенија за нас некаков сон за лекарите каде подобро функционираат ама каде се словенските доктори, па тие исто бегаат. Значи ова е еден сериозен проблем на ниво на свет каде нивото на плата на примање се надополнува и на хроничниот недостаток на здравствен кадар предизвикан од еден друг феномен а тоа е стареење на населението. Населението во светот прво се зголемува, потоа старее, што постаро население толку повеќе од здравствени работници.