Маж на возраст од 40 години од село Тимјаник, Неготино, вчера бил пронајден починат во семејната куќа. Од СВР Велес информираат дека случајот бил пријавен во Полициска станица Неготино, вчера во 17 ч.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од ОВР Неготино – соопштија од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.