Пет лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.

Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.

Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот. Низ градот одекнуваат сирени на служби за итна медицинска помош.

Како што неофицијално дознава Јутарњи, напаѓачот, поранешен хрватски бранител од Доњи Дарувар, со пиштол упаднал во Домот, ја убил мајка си, жители на Домот, како и вработени. Повредени се вкупно осум лица – пет се мртви, еден е во критична состојба, а двајца се надвор од животна опасност.