Ноќеска околу 01 часот и 40 минути во Клиничкиот центар Војводина била примена старлетата Наташа Шавија со тешки телесни повреди, а соопштено е дека се здобила со скршеница на коска на лицето.

35-годишната старлета изјавила дека повредите ги добила во етно село Врдничка кула и кажала дека наводно во главата ја удрил Стефан Кариќ (31), поранешен учесник на реалното шоу Задруга, а потоа побегнал од местото на настанот, објавија српските медиуми.

Полицијата работи на утврдување на сите околности на случајот, откривање и апсење на осомничениот.