Старлетата, актерка, моделка и дизајнерка Дреа Мишел, дошла на забава облечена на многу специфичен начин.
Дреа Мишел (36) во Холивуд е позната како сестрана личност: актерка, модел, дизајнерка, старлета. На прославата на роденденот на раперот Дрејк се појавила полугола. Додека носела кошула со синџири со потпис на брендот „Версаче“, наместо здолниште, облекла синџири!
Тема на забавата била серијата „Наркос“ и картели, па Дреа се облекла во тој манир: синџири, пари, голотија.
Меѓутоа, на следбениците на социјалните мрежи не им се допаднало како изгледа, па почнале да ја критикуваат со зборовите:
„Дреа е олицетворение на деновите кога немаш што да облечеш! Што е ова?!“
„Не, никако. Ова е погрешно!“
„Каде си тргнала со тие синџири на задникот?“
Не е првпат актерки, пејачки и старлети да се разголат вака. Во последно време, во тренд се разголените фустани или мрежестите фустани, кои откриваат сè, а на тие девојки останува дали ќе облечат долна облека одоздола или нема.
📷