Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, ги најави изборите годинава како – избор за европска Македонија или за Русија. Во тој стил тој зборуваше за руското мешање во нашата држава при што спомена дека рускиот претседател Владимир Путин зборувал за село Грушино во Македонија, а со цел да питтикне меѓуетнички тензии во државата.

– Своевремено имаше изјави и од министерот за надворешни работи Лавров и од неговата портпаролка Захарова, но и од претседателот Путин, кој ги знаеше сите села во Македонија и ги спомнуваше во негови интервјуа. Велеше дека огнената раскрсница за Русија во однос на проширувањето на НАТО е Македонија. Ова е изјава цитирана од страна на Лавров, а потоа Путин го спомнуваше и кумановско Грушино за да поттикнува меѓуетнички конфликти во Македонија, меѓу Македонците и Албанците, сè до случаите кои се случуваа трагични во нашите градови, вели првиот заменик на претседателот на Владата.

Кое Грушино го знаел и спомнувал Путин – кумановското или она во Русија?

-А нели помисли Груби дека Путин зборувал за село Грушино во Русија, на десетина километри од границата со Украина, се вели во еден твит на социјалните мрежи, каде е објавена и мапа од руското село Грушино.