Пејачката Дани Димитровска му кажа „да“ да нејзиното момче, поранешен кошаркар Весел, со кој неколку години е во врска. Пејачката објави фотографија со свршувачкиот прстен и букет цвеќе во рацете.
Во интервју за Женски магазин кога з апрв пат во јавност го покажа нејзиното момче, на прашањето „Дали инспирација можеби е твоето момче, кое пред неколку месеци за прв пат го покажа на Инстаграм, иако љубовниот живот го криеш од јавноста?“, Дани одговори:
„Искрено, страдам што страдаме во илузијава дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Песнава е инспирирана од вистината. Изворот е Весна Малинова а таа вели дека изворот е еден…“.
Дани во интервјуто откри дека исполнета е кога е реализирана на музички план, а емотивниот партнер е најдобриот другар, соговорник и поддршка.
Најверојатно Дани го пронашла она што и треба, па со партнерот ја продолжила врската на следно ниво. Пејачката зад себе има една брак, а од тој брак го има синот Лазар.