Жена од Скопје принудувала две малолетни девојчиња да даваат сексуални услуги. Полицијата соопшти дека таа е приведена рано изутрината и се сомничи дека овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички, при што односите биле и снимани.

Но повеќе детали за случајот МВР не соопштува. Истрагата сè уште трае и полицијата трага по мажите кои имале сексуални односи со двете девојчиња. Не е позната ниту нивната точна возраст, ниту возраста на женската личност со иницијали Г.Р. Детали ќе бидат соопштени дури откако истрагата ќе заврши.

Но ова е е ниту прв, ниту единствен случај. Пред нешто повеќе од два месеци започна судскиот процес против 13 велешани кои вршеле полови дејствија врз 14-годишно девојче. Кога во јануари Јавното обвинителство го обелодени случајот, соопшти дека 25-годишен велешанец преку социјалната мрежа Инстаграм ја довел во заблуда дека ќе почнат љубовна врска, но откако направил порнографски материјал, тој бил користен како закана за да ја присили да дава сексуални услуги.