Четири момчиња од липковското село Ваксинце биле приведени под сомнение дека извршиле обљуба врз 34-годишна жена.
– На 20.09.2023 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ш.С.(18), М.Б.(20), А.З.(27) и А.Д.(19), сите од Ваксинце, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 34 – годишна жена од липковско.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.