Семејството Николовски од село Секулица, Кратово има своја вистина и тврдење за случувањата додека се спроведувала хуманитарната акција.
За потсетување пред некој ден Александар Георгиевски или Бате Аце од Штип објави дека ја прекинува хуманата акција поради омаловажување од семејството, но и поради тоа што увидел какви луѓе се.
Синоќа свое јавување во „Шоуто на Богдан Илиевски” на Алфа ТВ имаше семејството.
-Тој ми се јави, ми се закнуваше, ме пцуваше, ме нарекуваше цигани. Не е вистина дека сум ги пцувал мајсторите. Секоја вечер ми бараше пари за мајсторите и за нафта. Ми бараше да ме води во банка да ги извадиме парите. Реков дека не се на моја сметка туку на жената. Рече јас ќе ја водам и ќе ја доведам. Тој сакаше да ми ги земе парите, да ги украде парите кои ги имам во подрум…
Целата изјава на семејството Николовски можете да ја слушнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК