Шпански „Спорт“ објави приказна која направи вистински хаос на Пиринеите но и низ целиот спортски свет.

Скандалозната вест е поврзана со екс фудбалската ѕвезда на Барселона,заводникот Жерар Пике и секако неговиот турбулентен љубовен живот.

По крајот на долгогодишниот неформален брак со светската музичка ѕвезда Шакира, Пике ја изневери пејачката со младата студентка Клара Чиа. , сега екс фудбалерот е повторно во медиумите поради нов љубовен скандал.

Пике и неговата девојка Клара Чиа се соочува со голем скандал кој нема никаква врска со познатата пејачка.

Сега шпанскиот Спорт тврди дека Клара Чиа сега го изневерила своето познато момче, богатиот екс фудбалер Пике со никој друг туку со предводникот на Манчестер Сити, славниот Пеп Гвардиола!?

Оваа скандалозна вест , шпанскиот спортски медиум, набрзо ја избришал од својот сајт, но штетата е веќе направена и бројни медиуми се повикувајќи се на овој медиум иги пренесоа деталите! Кој се потрудил да ја „исчезне“ веста не се знае, но очигледно веќе било доцна.

Според нивните сознанија, Клара имала тајна врска со Гвардиола, кого го познава одамна, бидејќи одела во исто училиште со неговите деца.

Според медиумот Клара на овој начин сакала да му се „одмазди“ на своето момче Пике поради неговото неверство со адвокатка.