Мевлудин Аљиќ (1965) ја убил својата невенчана сопруга Тахира Чамџиќ (1971) во Подгајеви кај Живинице, а потоа се самоубил, дознава порталот „Аваз“.
Мотивот за овој брутален чин, според првичните информации, е љубомора. Како што обавуваат тамошните медиуми, невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија каде присуствувала на свадбата на својата ќерка.
По враќањето од Германија прво дошло до расправија, а потоа Мевлудин Аљиќ земал пиштол и ја убил сопругата, а потоа се самоубил. Утврдено е дека немало претходни пријави за семејно насилство.