Во Бијелина (БиХ) вечерва имало напад на жена, а потоа и самоубиство, дознава ИнфоБијелина.
Според нивниот известувач од местото на настанот, постои сомневање дека мажот ја избодел девојката во станот, а потоа скокнал од зградата.
На терен се пожарникари, полиција и неколку возила на брза помош. Жената е пренесена во болница и засега не е позната нејзината состојба.
Сето ова се случило на улицата Пере Станиќ во Бијелина