Германската државјанка Л.А.А.(39) е уапсена во Ужице под сомнение дека во селото Дубница во општина Сјеница ја убила својата свекрва Бајра Лакота (66).

Како што неофицијално дознава српски Блиц, Л.А.А., откако го напуштила сопругот, живеела во Босна и Херцеговина, а пред неколку дена дошла во Ужице со девојка која требало да ѝ помогне околу децата кои свекорот ги донел во Ужице за мајката да ги види.

Во таа прилика, како што неофицијално се дознава, Л.А.А, го искористила неговото отсуство од куќата во која живеел со сопругата и заминала во Дубница.

Кавгата меѓу снаата и свекрвата наводно кулминирала, откако осомничената ја обвинила жртвата дека е причина за разводот на нејзиниот син и неа.

– Верувала дека убиенатра Бајра Лакота е виновна што морала да ги остави сопругот и децата, земала нож и ја прободела жртвата неколку пати во пределот на главата и телото, нанесувајќи и фатални повреди, од кои починала на лице место. На осомничената ќе ѝ биде одредено задржување – вели изворот на „Блиц“.