Полицијата пронашла обезглавено тело на жена во семејната куќа на улицата Фејеш Кларе на Телеп во Нови Сад. Се сомневаат дека синот ја убил мајка си и ѝ ја отсекол главата со пила!
Според првичните информации, полицијата на местото на убиството во Нови Сад пронашла 47-годишен маж со крвави раце и крвава облека.
Во куќата било пронајдено и безживотното тело на А.М. на возраст од 77 години, додека главата била пронајдена во дворот од куќата. Хорор сцената се случила во кујната.
Од Новосадската полиција потврдија дека синот е уапсен, а истрагата за куќата се уште е во тек.
Според неофицијални информации, делото било откриено бидејќи ќерката на убиената телефонски ја алармирала новосадската полиција, пријавувајќи дека нејзиниот брат ја малтретира и тепа нејзината мајка.
Како што јавуваат репортерите од местото на настанот, за време на истрагата за убиството во Нови Сад, синот бил во полициското возило пред куќата и се слушнал како вика: „Спаси ме, Господе Боже! Ја уби ѓаволот, а не јас!”